БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерката Весна Јаневска во работна посета на УГД – фокус на квалитетот во високото образование

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Mинистерка за образование и наука Весна Јаневска, денеска оствари работна посета на Универзитет „Гоце Делчев“во Штип, при што се одржа состанок со раководството на Универзитетот и релевантни локални чинители. Во фокусот на средбата беа актуелните предизвици и насоки за унапредување на квалитетот во високото образование, како и подготовката на нови законски решенија.

Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека средбата била посветена на клучни теми од високото образование, особено во контекст на најавените законски измени.

„Имаме чест денеска да имаме работна средба со министерката за образование и наука, на која дискутиравме теми од областа на високото образование со фокус на подобрување на неговиот квалитет, во светло на новите законски измени кои се подготвуваат. Тоа е процес кој е исклучително важен за универзитетите и кој ќе ни овозможи да ги постигнеме резултатите што општеството ги очекува од нас – подобар квалитет на образованието и посилен сервис на универзитетите кон општеството“, изјави Мираковски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерката Јаневска оцени дека средбата во Штип била конструктивна и плодотворна, при што биле отворени прашања поврзани со три клучни закони што се во подготовка.

„Разговаравме за подигање на квалитетот во високото образование преку подготовката на Законот за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачка дејност, со цел усогласување околу значајни елементи кои ќе придонесат за унапредување на универзитетите и за корист на општеството, преку одлична едукација на студентите“, нагласи Јаневска.

Прочитајте повеќе на www.ugd.edu.mk

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace