Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Генерален секретар на владеачката партија Драган Ковачки имаше средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со кој што имаше можностда поразговара за вредностите кои што го карактеризираат нашиот Македонски народ.
“Денеска имав чест да бидам во посета на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Разговаравме за значењето на духовните вредности, единството и улогата на МПЦ-ОА во зачувувањето на идентитетот, традицијата и моралните вредности на македонскиот народ.
МПЦ-ОА отсекогаш била столб на нашиот народ и важен чувар на нашата вера, култура и историја.
Продолжуваме да работиме за заедништво и за иднина во која ќе ги чуваме нашите корени и вредности.
Му благодарам на Неговото Блаженство за приемот, вниманието и благословот.”
-напиша на социјалните мрежи Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист