Во текот на вчерашниот ден Македонската претседателка Гордана Сиљаноска Дабкова во својот кабинет ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално млацинство во Србија и Марјан Јованоски кој што е секретар на Советот.
Помеѓу останатите теми на разговор беше споделена загриженоста меѓу присутните за намалувањето на бројот на Македонци кои што живеат и работат во Србија.
“Денеска ги примив Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално млацинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на македонската заедница во Статутот на Автономната Покраина Војводина и воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку населени места.
Тие изразија загриженост заради алармантниот пад на бројот на македонско малцинство, од речиси 26 илјади во 2002-та година, на помалку од 15 илјади во 2022-ра година, како и намалувањето на говорителите на македонскиот јазик, од повеќе од 14 илјади на само 8375, во истиот период.
Ме информираа за донесувањето на новата Стратегија на Македонскиот национален совет 2026-2030, во којашто акцентот е ставен на образованието на македонски јазик и го поздравија донесувањето на владината Стратегија за дијаспората 2026-2030.
За мене, преку учењето, говорот и творењето на мајчин македонски јазик, не се пренесува само знаењето, туку се развива чувството на национална припадност и самосвест.”
-напиша на социјалните мрежи Македонската Претседателка.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена