На 26.03.2026 во 13:49 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип-Штип, на влез во с.Бучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од Злетово и патничко возило „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(64) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Л., додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила во Пробиштип со тешки телесни повреди

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово