БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

 Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда.

„Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии“, истакна Спасовски.

Тој потсети дека решението за изборните циклуси и техничката влада е резултат на политички договор меѓу четирите најголеми партии, со гаранција од меѓународната заедница, и дека првично било ограничено на изборите во 2016 година. Дополнително, нагласи дека на барање на ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година истото решение било повторно донесено без временско ограничување, односно со важност до влезот на државата во Европската Унија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Спасовски посочи дека актуелните аргументи за измена на законот се во спротивност со претходните ставови и иницијативи на истите политички чинители.

„Денеска се изнесуваат ставови коишто директно ги побиваат барањата и предлозите дадени во 2018 година“, рече Спасовски.

Во продолжение, тој нагласи дека Законот за Влада е дел од пошироката реформска агенда, која ги опфаќа и изборниот законик и новиот кривичен законик.

„Со носење на вакво решение набрзина, по скратена постапка, нема да можеме да ги исполниме критериумите од реформската агенда, која предвидува системски и темелен пристап“, потенцираше Спасовски.

Тој повика на враќање на дијалогот и консензусот во рамки на Собранието, со цел да се задржи договорениот модел.

„Нема потреба од брзање. Потребно е да се вратиме на форматот преку кој е донесено ова законско решение, со консензус и дијалог меѓу политичките партии“, заклучи Спасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace