Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работа посета на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
По средбите со канцеларот Кристијан Штокер, тој на својот фејсбук профил објави:
” Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција.
Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки на одличната билатерална соработка, нашите односи се темелат на силна доверба и заеднички визии за развој и напредок.
Особено ги истакнав регионалните развојни проекти со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал.
На средбата со владините претставници, се осврнав и на изградба на брзата пруга на Коридор 10, проект кој ќе овозможи брз и ефикасен транспорт и силен економски импулс во регионот. Се зборуваше и за стратешкиот коридор 8 и инвестицискиот циклус кој се случува на овој важен коридор.
Соработката со Австрија ја продолжуваме во духот на заедничката соработка за развој на регионот, за економски напредок и одржување на добрите билатерални односи” – објави вицепремиерот Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните