Скопје – Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со делегација на инвеститори од Турција, од регионите на Истанбул, Анкара и Измир, кои доаѓаат од значајни сектори како енергетика, медицина, дигитализација, градежништво и земјоделство.
На средбата се разговараше за конкретни можности за инвестиции во земјата, како и за унапредување на економската соработка меѓу двете држави. Беше нагласена важноста од создавање поволна деловна клима и обезбедување институционална поддршка за странските инвеститори.
Првиот заменик на претседателот на Владата истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на привлекување квалитетни инвестиции и на одржлив економски развој, нудејќи поволни услови за долгорочни и взаемно корисни партнерства.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните