Откако пред околу една година информиравме за раздвижување на работите околу изградба на проектот за сообраќајно поврзување меѓу Македонија и Бугарија со отварање на старо-новиот граничен премин “Клепало” од Македонска страна, деновиве во јавноста од страна на бугарски медиуми беше пласирана веста дека бугарските надлежни власти ја одобриле студијата за заштита на животната средина за потребите на изградба на нов сообраќаен правец од Струмјани кон границата со Македонија кај месноста “Клепало”.
Според бугарските медиуми од разгледуваните на повеќе варијанти на сообраќајното решение е избрана трасата бр. 1 која што како најкратка траса има значително најмало влијание врз животната средина што е основен предуслов за да се постигнат и целите за заштита на природната средина во зоната „Кресна – Илинденци“ од мрежата Натура 2000.
За потсетување Македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ минатата 2025 година го усвои овој проект како еден од стратешките проекти согласно определбите на владините партнери за сообраќајно поврзување на државата со соседните држави, при што одлучи дека ќе партиципира на партнерско ниво со Бугарија за реализација на овој проект кој што се проценува да чини некаде околу 11 милиони евра.
Проектот Воспоставување на нов граничен премин Струмјани-Берово (Клепало) со Република Бугарија е со вкупна инвестиција од 3,6 милиони евра од Македонската страна грант во рамки на ИПА 3 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, кој што изнесува целосно 11.127.682 евра.
Реализацијата на проектот е поделена во 2 фази.
-Во првата фаза, која се очекува да заврши во 2026 година ќе се спроведат подготвителни активности, поврзани со планирање, проектирање и избор на изведувачи.
-Во втората фаза – која ќе се спроведе од 2027 до 2029 година ќе се реализираат градежните активности на инфраструктурата на граничниот комплекс. На бугарската страна ќе се градат неколку згради и ќе се изгради патна инфраструктура, додека на македонска страна ќе се реконструираат и модернизираат постоечките структури и објекти.
Главната цел на проектот е Развој на одржлива интелигентна и интермодална, национална, регионална и локална мобилност отпорна на клима, вклучително и подобрен пристап до TEN-T и прекугранична мобилност”. Олеснување на зголемениот сообраќај на луѓе помеѓу двете земји; зајакнување на комуникациските врски меѓу двете земји и подобрување и проширување на пристапот до основните делови од патната мрежа TEN-T, вклучително и олеснет пристап до коридорите IV и VIII, што треба да ја подобри регионалната поврзаност и да ја поттикне економската раст на програмската област.
Временската рамка за реализација на сите предвидени активности околу овој проект е во период заклучно до 2029 година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија