Граничниот премин “Клепало” на границата меѓу Република Македонија и Бугарија кај Берово е класичен пример за опструкциите кои што бугарските власти ги имаат кон Македонската држава во континуитет.
Во 1993 година по осамостојувањето на Република Македонија тогашните Македонски власти го изградија овој прекуграничен пункт со определба за поинтензивна соработка со нашиот источен сосед која што недостигаше поради антагонизмот меѓу СФР Југославија и Бугарија во претходните комунистички режими. Потоа по изградбата на ово прекуграничен пункт беше изграден и регионален пат во должина од 17 километри во годините што следуваа со цел за сообраќајно поврзување на граѓаните од двете страни на границата и поинтензивна економска соработка.
Но од бугарска страна овој проект беше напуштен и останаа да сведочат само инфраструктурните објекти од Македонската страна на границата како нем сведок за недостигот на политичка волја во Бугарија за сообраќајно поврзување на двете држави на овој терен во МАлешевијата.
Според повозрасни жители пограничните села во Малешевијата, ваквата опструкција од бугарските власти е намерна со која се спречува поизразена сообраќајна комуникација на граѓаните од двете страни на границата која е креирана по завршувањето на Втората Балканска војна во 1913 година кога Македонија била поделена меѓу завојуваните страни на Бугарија, Грција, Србија и дел Албанија.
Според некоја ирационална негаторска политика која во минатото постојано е присутна во Бугарскиот политички естаблишмент кон Македонскиот идентитет ваквиот граничен премин доколку заживее ќе значи поинтензивна соработка и комуникација меѓу народот од двете страни на границата а со тоа и возобновување на семејните врски на старите семејства кои од памтивек егзистираат на овој простор а кои политички и вештачки биле поделени да живеат во две различни држави во 1913 година.
И ден денеска може да се најдат поколенија кои потекнуваат од исти семејни стебла а кои поради политичкиот антагонизам во минатото биле разделени едни од други во целиот пограничен појас од двете страни на Македонско-Бугарската граница.
Со отворањето на граничниот премин “Клепало” кај Берово ќе биде на своевиден начин срушена таа вештачка политичка бариера и ќе се овозможи поинтензивен економски развој на Малешевијата и Пијанец од Македонска страна како и регионот на Симитли, Благоевград и Сандански од другата страна на границата.
Македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на своите програмски определби за рамномерен развој на целата територија на Македонија во својата програма проектот за отворање на новиот граничен премин го постави на ниво на стратешки проект за кој се обезбедени големи финансиски средства во износ од над 11 милиони евра е посветена на тоа општините да станат пофункционални, поефикасни во испораката на услуги и поблиску до граѓаните.
Проектот Воспоставување на нов граничен премин Струмјани-Берово (Клепало) со Република Бугарија е со вкупна инвестиција од 3,6 милиони евра од Македонската страна грант во рамки на ИПА 3 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, кој што изнесува целосно 11.127.682 евра.
Реализацијата на проектот е поделена во 2 фази.
-Во првата фаза, која се очекува да заврши во 2026 година ќе се спроведат подготвителни активности, поврзани со планирање, проектирање и избор на изведувачи.
-Во втората фаза – која ќе се спроведе од 2027 до 2029 година ќе се реализираат градежните активности на инфраструктурата на граничниот комплекс. На бугарската страна ќе се градат неколку згради и ќе се изгради патна инфраструктура, додека на македонска страна ќе се реконструираат и модернизираат постоечките структури и објекти.
Главната цел на проектот е Развој на одржлива интелигентна и интермодална, национална, регионална и локална мобилност отпорна на клима, вклучително и подобрен пристап до TEN-T и прекугранична мобилност”. Олеснување на зголемениот сообраќај на луѓе помеѓу двете земји; зајакнување на комуникациските врски меѓу двете земји и подобрување и проширување на пристапот до основните делови од патната мрежа TEN-T, вклучително и олеснет пристап до коридорите IV и VIII, што треба да ја подобри регионалната поврзаност и да ја поттикне економската раст на програмската област.
Временската рамка за реализација на сите предвидени активности е во период заклучно до 2029 година.
Реализацијата на овој проект за отворање на нов граничен премин Клепало оди заедно со реализација на целокупниот финансиски пакет од 250 милиони евра пари обезбедени од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини на територијата на државата.
Преку двата повици од инструментот за капитални инвестиции со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се финансираат инфраструктурни проекти во сите општини кои што во изминатиот период аплицираа на двата повици на владата за финансирање на локални проекти.
Во првиот повик беа финансирани 288 проекти, а преку вториот повик се потпишаа договори за 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони.
Дел од проектите во рамки на првиот повик кои што се веќе реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој на Македонија меѓу кои позначајни се:
- Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата „Св.Еразмо“ во вредност 4.325.668 денари;
- Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“ во вредност 29.556.254 денари;
- Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија- Охрид, набавка на опрема и дигитализација во вредност 24.370.953 денари;
- Заштита и превенција од пожари во микрорегионот, Општини Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце „FIRESHIELD”во вредност 21.644.000 денари;
- Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово-4та ламела, Општина Берово“ – вредност 22.278.213 денари;
- Подобрување на здравствените услуги и создавање на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и пост-ковид пациенти во Пелагониски плански регион во вредност 27.275.658 денари;
- Паметни решенија Велес „Продолжуваме“ во износ од 46.215.459 денари; 24.885.000 денари за „Паметно ЛЕД осветлување“ во Полошкиот плански регион;
- Одобрен стратешки проект за изградба на граничниот премин Клепало (Берово–Струмјани) во вкупна вредност од 11.127.682;
- Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово, во износ од 37.887.429 денари; Проект „Чист Аеродром“ – Нула цврст отпад во Општина Аеродром, во износ од 37.182.273 денари.
Ваквиот нагорен тренд на значајни финансиски инвестиции во локалната и регионалната инфраструктура кој што продолжува тековно да се реализира има не само инфраструктурен карактер туку и во голема мера и економски затоа што станува збор за значително позитивно придвижување на градежниот сектор кој зад себе инкорпорира над 20 останати стопански гранки кои што работат какко добавувачи или подизведувачи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На 12 јануари ќе се одржи јавна трибина за граѓанската иницијатива за определување локација за спомен-обележје
Ова се сите сообраќајници за чие чистење се подготвени надлежните служби во Делчево при поголеми врнежи на снег
Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско