БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На лагите им се кратки нозето. Особено што станува збор за лаги со големи опашки! Сепак излезе дека Венко Филипче иако најексплицитно негираше сепак поседува златна виза како инвеститор и менаџер а не како лекар, како што самиот милуваше да каже.

Националната телевизија АЛФА излезе со податоци кои што сериозно треба да го загрижат членството на СДСМ за тоа како претседател им ја грее највисоката партиска фотеља во СДСМ.

“Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Златната виза, која вообичаено ја добиваат богати бизнисмени, Филипче ја добил во септември 2023-та година, само седум месеци пред изборите и падот на власта на СДСМ, а му трае цели 10 години. Според она што го пишува во документот со кој Обединетите Арапски Емирати, му стнаа резервна татковина на лидерот на социјалдемократите, тој требало да работи на престижната функција изврешен директор во компанија, во познатата економската зона „Рас Ал Каиман“ во Дубаи. Што точно работи компанијата, нема податоци, освен дека е „комерцијално претпријатие за инвестиции, институции и менаџмент“.

Лидерот на СДСМ, кој во минатото даваше сосема други информации околу златната виза и под кои услови ја добил, повторно воинстевно се нафрли врз Алфа телевизија. Прашан во врска со неа, тој не објасни ништо, туку само нервозно не обвини дека сме му ја дефокусирале прес-конференцијата. 

-Доста со дефокус прашања, каков е тој дефокус, златна виза, каква врска има тоа со контекстот тука. Претстанете со тоа, престанете со тие лажни вести, престанете со тие кампањи, луѓето имаат реални проблеми овде, какви се тие златни визи, Дубаи, згради, Харис Џиновиќ, престанете со таа кампања, нека не ви нарачуваат такви прашања. Доста правите ваков дефокус (САМИ КАЖАВТЕ ДЕКА ИМАТЕ, ОД КОГА ДО КОГА ВИ ТРАЕ?) Повелете…, заврши Филипче.

Пред точно една година кога првично беше објавено дека Филипче и неговиот близок пријател Зоран Заев поседуваат златни визи за Дубаи, лидерот на СДСМ првично демантираше дека воопшто ја има, за само две недели подоцна да каже дека сепак имал таква виза, но не ја добил зошто бил полн со пари, туку бил во преговори да работи во болница таму и врз основа на тоа му дале виза.

Според програмата на Обединетите Арапски Емирати златната виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280 илјади долари за виза од 5 години, или над 500 илјади долари за 10 годишна. Освен инвеститори виза може да добијат и специјалисти, студенти и истражувачи, кои прават значители инвестиции во земјата. Но за таква виза, потребно е барање и препорака од Емиратското министерство, како и специјално писмо со препорака од Советот на научници или лично од Секретаријатот на Шеикот, со кое се потврдува дека личноста има добиено медал за Академска исклучителност.”

-стои во информациите кои што АЛФА ТВ ги пренесе во јавност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace