БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со континуиран ангажман во борба против изворите на загадување на животната средина во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Работна механизација од ЈКП “Брегалница” Делчево интензивно работи на санирање на состојбата со деценисиот проблем на градската депонија “Острец” во Делчево.

Со градежна механизација се вршу планирање на просторот и распределување на наталожениот комунален отпад кој што со децении не бил третиран а истовремено се врши насипување на земја која што служи за сегментирање на слоевите од комунален смет и нивна изолација со што веројатноста за појава на пожар од самозапалување се намалува драстично.

За ваквата состојба своја порака во јавноста упати Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски кој порача дека нема да прави компромиси на штета на животната средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Компромис на штета на животната средина нема! Нашиот дом- Делчево е наша светост.

Напорна работа на надлежните служби при ЈКП “Брегалница” Делчево во борба со отпадот. Ја санираме состојбата на градската депонија “Острец” над Делчево со неопходни мерки.

Нема да дозволиме да страда здравјето на делчевчани.”

напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски.

Уште со моментот на доаѓање на позицијата Градоначалник на општина Делчево Иван Гоцевски првата своја јавна прес конференција од градоначалничкиот кабинет му беше на темата за мерките и плановите кои што ќе следуваат во контекст на заштитата на животната средина во Делчево.

Тогаш Градоначалникот Гоцевски ја започна кампањата “Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад”, по што следуваше итно чистење на најголем број на диви депонии во општината, проследено со кампања за подигање на свеста од незаконско депонирање и расфрлање на комунален смет и градежен отпад.

Но и покрај сите апели неодговорни поединци и понатаму продолжуваа да фрлаат смет на несоодветни локации, по што градоначалникот презеде мерки за подигање на капацитетите на комуналните редари кои што почнаа со пофрекфентни патроли и опомени кон граѓаните и правните субјекти во Делчево за состојбата со сметот.

Во периодот што следи градоначалникот и општинската администрација продолжуваат со имплементација на серија мерки наменети за подобрување на состојбата со животната средина во интерес на подобар животен стандард за сите граѓани на Делчево и градење

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace