Со официјално воведување во работа од страна на надлежните органи вклучени во реализиацијата на проектот, економскиот оператор кој што како најповолен понудувач му беше доверана реконструкцијата на општинската гсграда на општина Пехчево ги започнува изведбените работи на терен. Пред неколку денови на официјален состанок во општината Пехчево го доби зеленото светло да започне со реконструкцијата на општинската згграда преку проектот за имплементација на енергетско ефикасни мерки.
“Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес официјално го воведе во работа проектот за реконструкција на административната зграда на Општина Пехчево, со што започнува неговата реализација на терен.
Проектот опфаќа спроведување на мерки за енергетска ефикасност на општинската зграда и претставува значаен чекор во насока на исполнување на заложбите на локалната самоуправа за создавање одржлива и еколошки одговорна општина.
Со реализацијата на проектот се очекува значително подобрување на енергетските перформанси на објектот, намалување на потрошувачката на енергија и создавање поквалитетни услови за работа на општинската администрација. Воедно, инвестицијата ќе придонесе за намалување на емисиите на штетни гасови и за зголемена грижа за животната средина.
Градоначалникот Китански истакна дека проектот е дел од пошироката стратегија на Општина Пехчево за унапредување на енергетската ефикасност и реализација на зелени политики кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните и одржлив развој на општината.
Со денешното воведување во работа, започнуваат градежните активности предвидени со проектот, чија цел е модернизација на административниот објект и негово усогласување со современите стандарди за енергетска ефикасност.”
напиша градоначалникот на Пехчево Александар Китански на социјалните мрежи во врска со реализиацијата на овој значаен проект за општина Пехчево

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево