Градоначалникот на Велес Марко Колев ги информираше жителите на руралните средини во Велес дека општината обезбедила нови пластични канти за отпад за индивидуалните домаќинство во селата кои што со помош на ЈКП “Дервен” Велес се веќе дистрибуираат и им се доделуваат на семејствата.
“Обезбедени се канти за отпад за 1150 домаќинства во руралните средини!
Во соработка со ЈКП Дервен во изминатите денови се вршеше дистрибуција на нови канти за отпад за домаќинствата во селата Башино Село, Црквино, Мамутчево, Дорутовец, Чолошево, Отовица и Новачани каде што беа поделени 410 канти, а во наредните денови ќе се дистрибуираат останатите во Сојаклари, Раштани, Караслари, Оризари, Бузалково, Клуковец и Бела Вода.
Со ова значително се подобруваат условите за правилно одлагање на комуналниот отпад, унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина во руралните средини. Чистата околина е заедничка одговорност, а со заедничка грижа создаваме поздрави и поуредени населени места за сите.
За поубава Општина за сите нас!”
-напиша на социјалните мрежи Градоначаникот на општина Велес Марко Колев.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист