БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателот на Собранието Африм Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија.

На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република Северна Македонија кон регионалната соработка и евроатлантската интеграција. Во своето обраќање, Гаши ги поздрави домаќините и нагласи дека регионот на Црното Море претставува витален коридор за поврзување, трговија и меѓународни контакти.

Тој посочи дека овој регион е богат со историја, култура и потенцијал, но исто така се соочува со бројни предизвици кои бараат колективен напор и солидарност. Без разлика дали станува збор за економски развој, безбедност, заштита на животната средина или општествена кохезија, заедничката иднина зависи од силата на соработката и врските кои ги градиме денес.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претседателот Гаши особено ја потенцираше важноста од инклузивноста и рамноправното учество на сите чинители во регионалниот дијалог, нагласувајќи дека само преку сеопфатен и инклузивен пристап може да се постигне одржлив развој и општествена хармонија. Во таа насока, тој ја потврди непоколебливата определба на Северна Македонија кон интеграцијата во ЕУ, оценувајќи го членството во Европската Унија и НАТО не само како стратешки избор туку и како суштинска патека за зајакнување на суверенитетот, безбедноста и просперитетот на земјата.

Во говорот претседателот Гаши, исто така, потенцираше дека земјите на регионот, и покрај разликите, делат заеднички интереси и стремежи за живеење во мир, економско унапредување и подобра иднина за своите граѓани, особено за помладите генерации.

Покрај учеството на Генералното собрание на ПАБСЕК, претседателот на Собранието Африм Гаши реализира и официјална билатерална посета на Тбилиси по покана на претседателот на Парламентот на Грузија. Во рамките на оваа посета, се очекува двајцата претседатели на парламентите да разменат ставови за актуелните прашања поврзани со регионалната безбедност, парламентарната дипломатија и перспективите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

*ПАБСЕК е меѓународна парламентарна организација основана во 1993 година, чија мисија е унапредување на соработката меѓу парламентите на земјите-членки на Организацијата за Црноморска економска соработка (БСЕК). Република Северна Македонија е активен член на оваа регионална организација и редовно учествува во работата на нејзините тела.

Креирано од:


Пренеси го гласот