БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изгласани измените на Законот за безбедност на патиштата со кој се забранува употребата на лесно електрично возило (дел и тротинети) за лица под 18 години

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Коордиаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент Никола Мицевски ја соопшти оваа вест која што се однесува на зголемување на безбедноста во сообраќајот и патиштата преку заострување на казнената политика во измените и дополнувањата на овој закон

“Денес го изгласавме Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 🛴

Со новите измени воведуваме поголема безбедност и ред на патиштата, особено кога станува збор за лесните електрични возила (тротинети):

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ Прецизна законска дефиниција за „лесно електрично возило“, усогласена со европските препораки и компаративните искуства во регионот

✅ Зголемена старосна граница – само лица над 18 години ќе можат да управуваат со лесно електрично возило

✅ Построги казни за непрописно возење – пречекорена брзина, возење под дејство на алкохол, превезување друго лице или малолетно лице зад управувачот

✅ Привремено одземање на возилото до 30 дена за најтешките прекршоци, дополнително на глобата

Целта е јасна – да се намалат сообраќајните незгоди и да се заштитат сите учесници во сообраќајот, особено младите”

-напиша на социјалните мрежи Никола Мицевски- Пратени на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското Собрание

Креирано од:


Пренеси го гласот