Денеска, во салата на МКЦ во Кочани се одржа повторна јавна презентација по Деталниот урбанистички план за Градска четврт 17, Општина Кочани, плански период 2017 – 2027, предлог-план со технички број 0801-108/17 од мај 2026 г., со површина 46,43 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:
од север – по осовината на ул. „Тодосија Паунов“;
од исток – по западна граница на КП 1961/7, КП 1961/5, КП 1961/6, КП 1921 и КП 1918 КО Оризари;
од југ – по осовината на ул. „Новопланирана 5“ и продолжува по осовината на индустрискиот колосек;
од запад – по осовината на ул. „Тодосија Паунов“.
До 7 јули 2026 год. трае рокот за повторна јавна анкета по Деталниот урбанистички план за Градска четврт 17, до кога заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови, во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб-страницата на Општина Кочани или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови граѓаните треба да достават и копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од урбанистичкиот план е изложен на огласната табла во Општина Кочани, на веб-страницата на Општината: https://kocani.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b0-5/, а подетални информации во врска со урбанистичкиот план можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, на првиот кат во општинската зграда.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства
67 годишна жена од с. Дрење, Крива Паланка физички нападната од три женски лица околу недоразбирање со крави кои правеле штета
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука