Пехчево е подготвено да ги пречека илјадниците посетители на годинашното издание на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2026, кој ќе се одржи на 10 и 11 јули на градскиот плоштад „Св. Петар и Павле“. Во пресрет на фестивалот, привршуваат сите организациски и технички подготовки, со цел посетителите да уживаат во уште едно беспрекорно фестивалско издание.
Во изминатите денови интензивно се работше на уредување на фестивалскиот простор, поставување на сцената, озвучувањето, осветлувањето, штандовите и останатата неопходна инфраструктура. Посебно внимание е посветено на безбедноста и организацијата, за сите посетители да имаат пријатно и незаборавно фестивалско искуство.
Годинашната музичка програма носи атрактивни имиња од регионалната естрада. Во петок вечер, фестивалската публика ќе има можност да ужива во настапот на легендарниот српски пејач Драган Којиќ – Кеба, кој со своите безвременски хитови ќе ја отвори главната вечерна програма.
Во сабота вечер, на големата фестивалска сцена ќе настапи една од најпопуларните регионални поп-ѕвезди, Теодора Џехверовиќ, која ќе ја заокружи музичката програма со динамичен концерт и современ сценски настап.
Покрај концертите на главните музички ѕвезди, посетителите ќе можат да уживаат и во настапите на дувачки оркестри, богата фестивалска атмосфера и традиционалното гостопримство по кое е препознатливо Пехчево.
Општина Пехчево ги поканува сите граѓани и гости од регионот да бидат дел од Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2026 и заеднички да создадеме уште едно незаборавно фестивалско издание исполнето со музика, дружење и позитивна енергија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга