Под месечевите зраци збрани, растреперени од виорот на времето, Вапцаровите чувства испишани на обично парче хартија а толку значајни и бодри, те тераат да си размислиш за твоите дела кои сега се мали, исто како неговите тогаш, а сега неговите се исто толку големи колку што ќе бидат твоите после години ако ги правиш со исто толку љубов.
Ѕидови на својот пат секој има, ама Вапцаровите беа најдебели, камењата од кои беа ѕидани беа политичките престројства во неговото време, а калта која беше меѓу нив, беше леплива од испреплетеноста на вистината со она што се посакуваше да се направи и против него и против сите останати.
Изобилство од зборови кои нудат пространство од своина, докази за она што било, она што сме биле, она што сме, а она што ќе бидеме- незнаеме.
Истрасирана патека, изгазена трева на минатото, сокриени мисли а толку искрени, како никогаш точни, кои нудат надеж ..
Неговото тело беше зрно пченица закопано во почвата,а годините што следуваа беа плодни. Така на плодот од тогаш до денес се насладуваме .
И пред да го сотрат со оловни зрна, тој без ниту еден нокт на прстите се смееше, и собра храброст пред својата смрт да запее.
Гранката на која седеше, народот му ја пресече. Се бореше за народот, а народот тој не успеа да го одбрани. Дозволи да го убијат, да ја сотрат таа сила.
На душманите само тој успеваше со перо да им кине парче кожа, кревајќи му се косата на главата од неправди, реши да загине во борба против фашистите.
Го убија! Го сотреа! Нанишаниа со злоба и отров од душата истрелаа, а потоа видоа дека погрешиле и сега ни го крадат. Бегајте зли кучиња, отргнете се од чесниот народ, оној народ чиишто прсти не се криви од перо туку од мотика, очите не се црвени од пијанки туку од непреспиени ноќи во кои гласно се прашувале: Дали ке дојде утре? И ако дојде…. но нека дојде прво !
Ти мајко знаеш ли за кого си ронела солзи? Кого си носела девет месеци под срце? Знаеш ли ужалена мајко што тој направи за нас, за овој црн народ?
Не мајко, ти беше сведок… но нам времето ни покажа и докажа до каде сме и каде сакаме да стигнеме. Ни покажа и докажа дека без минатото сме никој и ништо, ни покажа и докажа дека без него ние денес не би биле НИЕ.
Секој ред поезија што следи , го читам со исто толку восхит и разбирање како оној што поминал. Но не го заборавам, тој сведочи за нашето минато а истовремено ја предизвикува иднината. Да дојде, да не понесе и однесе онаму каде што целиме, да ни ги вреже оние имиња на лугето кои зад себе оставиле големи дела.
Вечна ти слава голем поету, вечна ти слава земјин сину !

08.12.2010 година
Реферат прочитан пред Спомен бистата на Никола Јонков Вапцаров пред Спомен домот АСНОМ во Делчево по повод 3-тата по ред манифестација “Вапцарови бранувања”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наместен од УДБА на денешен ден на лов на дивеч загинал Васко Карангелевски
Бугарски аналитичари: Мицкоски е прв кој како премиер го подигна Македонското прашање на меѓународно ниво
Историска генеза на одбележувањето на денот на кревањето на Разловечкото востание