Поранешната европратеничка во Европскиот Парламент и актуелна пратеничка во собранието на Хрватска со своја видео порака ја поддржа кандидатурата на кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова.
Како жена и како политичарка сакам да ја поддржам кандидатурата на госпоѓа Гордана Силјановска Давкова за претседателка на Македонија. Важно е ние жените да се поддржуваме една со друга бидејки има многу прашања кои треба да ги решиме во нашето општество, а тоа може да се постигне единствено преку вклученост, емпатија една кон друга и создавање на еднакви можности за сите, во што жените досега се покажаа исклучително успешни. Потребно е да се вложи уште многу напор за да се постигне целосната рамноправност меѓу мажите и жените во приватниот и професионалниот ивот, секој да напредува според своите способности без разлика на полот.
Затоа да се поддржуваме една со друга, да ги негуваме амбициите кај девојчињата и младите жени дека може да бидат се што ќе посакаат и никогаш да не дозволат некој да им каже дека нешто не можат, само затоа што се жени. Наша крајна задача е чувањето на своите вредности со храброст и работа.
Жените можат да постигнат баш се, а во љубовта кон татковината сигурно никој не може да ги надмине.
Затоа ако сакате да имате претседателка која ја сака Македонија и нејзиниот народ Гордана Сиљановска Давкова е ваш избор.
-вели Маријана Петир во своето видео објавено во јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вучиќ пристигна во Пекинг. Ќе има средба со Си Џинпинг
Најава за историски час посветен за Гоце Делчев организиран од припадници на Македонската дијаспора
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња