БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДКСК: Дури пет лица во власта извршуваат две функции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во согласност со своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, редовно следи дали се почитува законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси, како и законската забрана за истовремено извршување повеќе функции кои, согласно со закон, се неспоиви.

Имено, ДКСК, по последната проверка во административната алатка за електронско поднесување изјави за имотна состојба и интереси, утврди дека пет лица истовремено извршуваат две функции. Поради тоа, за овие лица ќе бидат оформени предмети, при што по утврдување на фактичката состојба, доколку се утврди дека се работи за неспоиви функции, од нив ќе биде побарано да се откажат од една од функциите што ги извршуваат. Истовремено, ДКСК ќе иницира прекршочни постапки за прекршок согласно со член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, казнив согласно со член 105 од истиот закон.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исто така, ја известуваме јавноста дека ДКСК, по извршената проверка на изданијата на „Службен весник на Република Северна Македонија“ за месец март 2026 година, како и по увидот во својата евиденција, утврди дека вкупно 38 лица, кои во текот на месец март 2026 година биле избрани, именувани или разрешени од функција, не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК во законски утврдениот рок.

Против овие лица ДКСК ќе иницира постапки за сторен прекршок согласно со член 82 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, казнив согласно со член 109 од истиот закон.

Извор: ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Креирано од:


Пренеси го гласот