БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на Партијата и пратеник Реџеп Исмаил, заедно со членовите на Централниот комитет, Дејан Димовски и Виторио Зафировски, положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

АСНОМ е најголемата обврска преземена пред идните поколенија. Асномците не се бореа само за нивната генерација, туку за Македонија што ќе ја наследат тие што доаѓаат по нив. Затоа, секоја генерација има свое историско прашање – Дали ја оставила државата посилна отколку што ја наследила?

За жал, три децении македонската политика повеќе ја цеди државата отколку што ја гради. Наместо да го зголемува просторот на суверенитетот – го стеснува, а достоинството го претвора во предмет на дневни преговори. Наместо да го продолжи патот што го отворија асномците – суштински и драстично се оддалечува од него.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Споменот на двата Илиндена е жив кај македонскиот народ и тоа е водечкиот идеал на чиј основ македонскиот народ ќе ја спаси и зачува Републиката.

Креирано од:


Пренеси го гласот