Постојат моменти во историјата на еден народ кога времето застанува за миг за да упати бесмртна порака за вечност: НИЕ СМЕ ОВДЕ- ПОСТОИМЕ! МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ.
Вечерва (недела 8 Август) од Македонскиот Ерусалим,- местото со црква за секој ден од годината, од градот Охрид народот Македонски ќе се обедини зад вечната мисла и идеја за постоењето на Македонскиот идентитет во највозвишената негова форма- Македонсиот идентитет.
Во организација на Македонската влада во соработка голем број првенци на Македонската култура, уметници и дејци започнува караванот за одбележување на 35 годишнината од прогласувањето на Македонската слобода и независност.
Вечерва од градскиот стадион во Охрид со почеток во 20.30 часот започнува караванот “Силно светнал ден” кој како подарок на Македонската влада пред лицето на историјата ќе упати силни пораки на универзални човечки вредности и заедништво како најсилни одлики на Македонскиот народ запишани во неговиот генетски код.
На 8 Септември 1991 година по векови борба, работа, труд и огромни бројки на знајни и незнајни жртви за Македонската кауза, мудроста на Македонската неприкосновесност и Божјата промисла овозможија прогласување на слободна и независна Македонска држава.

Денес после 35 години од тој датум нашата генереција има можност да го слави тој светол чин со особени пиетет и гордост но и одговорност во услови на модерна борба за светла Македонска иднина.
Така како што доликува на Македонското постоење, со многу настани од кои извира креативноста на Македонската самосвест, Владата на Република МАкедонија со серија на настани ќе ги заокружи овие 35 години Македонска независност каде секој еден Македонец ќе се препознае себеси но и бескрајната верига на Македонци- претсци пред секој од нас во вековното постоење на нашиот Македонски народ. Од дамарите на традицијата, преку сите форми на манифестација на Македонскиот идентитет, до најсовремените светски културни феномени, Македонија ќе биде вруток на безвременски пораки на постоење на Македонскиот идентитет наспроти сите негаторски усилби на душманите на Македонското постоење.
И токму затоа оваа Манифестација е нашата современа борба за да се гордееме со нашата Македонија.
Погледнете го видеото во продолжение а солзите на вашето лице додека го гледате, нека бидат аманет за силата на заедништвото и меѓусебната почит и толеранција за секој од нас посебно
Нека е за многу години незавсност и слободата!
#МакедонијаВечна

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене