Откако ги добија новите проестории во зградата на старото собрание, младите од Младинскиот центар во Делчево интензивно реализираат активности кои што саммите ги иницираат, креираат и спроведуваат, со поддршка на менторската организација “Жена” од Делчево.
Во изминатоте месеци беа реализирани повеже активности кои што се од нивен интерес- обуки работилници, јавни настани… со што младите во Делчево покажуваа забележиително ниво на граѓански активизам и вклученост во општествените процеси.
Пред неколку дена во Младинскиот центар во Делчево се реализира регионален младински форум на кој што учесниците дискутираа за младински прашања поврзани со вредностите на ЕУ.

“EU YOUTH CARAVAN ВО ДЕЛЧЕВО – ЕВРОПА НИЗ ОЧИТЕ НА МЛАДИТЕ! ![]()
Во Делчево се одржа нов регионален младински форум во рамки на „EU Youth Caravan“, каде младите преку дискусии, интерактивни активности и тимска работа зборуваа за Европа и за вредностите што сакаат да ги живеат секој ден.
Мир.
Слобода.
Демократија.
Еднаквост.
Владеење на правото.
Човекови права.
Учесниците не само што разговараа за овие вредности, туку ги претворија своите ставови и идеи во креативни пораки за Европа каква што тие ја замислуваат.
Младите не се само иднината. Младите се и сегашноста.
EU Youth Caravan продолжува – нов регион, нови гласови, иста цел: младите активно да учествуваат во креирањето на својата европска иднина.
Проектот „EU Youth Caravan“ го спроведува Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ) Гостивар, во партнерство со Analytica и Организација на жени од Струмица – ОЖС.
Оваа активност е реализирана со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од УНОПС.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ИГИ Гостивар и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.
#EUYouthCaravan#SupportToEUIntegration#UNOPS#Sverige#YouthParticipation#EuropeanValues#МладинскоУчество#Delcevo“
-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на имплементаторската организација ИГИ преку социјалните мрежи во врска со овој настан.
Активноста на младите кои работат при Младинскиот центар во Делчево продолжува и во периодот кој следува со реализација на проекти и активности кои што се од интерес на сите млади во Делчево, а секој млад човек кој што сака да се приклучи во активностите тоа може да го направи во нивната службена просторија во старата собраниска зграда во Делчево

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист