Четврта година по ред, „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“ организира целосно БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по математика и информатика за ученици од IV одделение до средно образование, од цела Македонија.
Годинава програмата е уште поширока – од ученици кои ги прават своите први чекори во математиката и C++, преку подготовка за натпревари, па сè до напредни програми за талентирани ученици кои сакаат да зачекорат по олимпискиот пат.
Целта е едноставна, но важна: талентот да биде препознаен навреме и секое мотивирано дете да добие можност да учи и напредува, без разлика каде живее и какви се финансиските можности на неговото семејство.
Новина оваа година се и завршните натпревари по математика и информатика. За освоено прво, второ и трето место се предвидени вредни награди – лаптопи, таблети, паметни часовници и друго.
„Идниот македонски олимпијец можеби денес е дете кое само ја чека својата прва вистинска можност. Наша цел е да му ја дадеме. Да не дозволиме талентот да остане незабележан само затоа што детето немало пристап до дополнителна едукација.“
Пријавувањето е отворено.
Повеќе информации и пријавување:
Бистри Умови на Македонија
Контакт: 078 416 164
Заедно ги откриваме талентите. Заедно ја создаваме следната генерација македонски олимпијци. И заедно ја градиме иднината на Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене