По склучувањето на договорот за соработка со ПАКОМАК во февруари оваа година, за реализација на проектот „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија – фаза 2“, и поставувањето на втората повратна вендинг-машина пред маркетот КАМ во Виница, оваа иницијатива веќе дава одлични резултати.
Во периодот од јули до септември, преку поставените вендинг-машини се собрани и рециклирани вкупно 169.350 пластични шишиња, при што бројката бележи тенденција на постојан раст од месец во месец.
Ова се одлични резултати и конкретни чекори кон почиста и поодржлива животна средина!
За сите граѓани кои сè уште не се запознаени со начинот на функционирање на овој систем, можноста за рециклирање е едноставна и достапна за сите. Граѓаните можат да одлагаат пластични шишиња и алуминиумски лименки, а за секое предадено пакување добиваат „зелени поени“ преку мобилна апликација. Секој поен има парична вредност од 1,5 денари и може да се искористи како ваучер.
Општина Виница активно го поддржува проектот и со сопствено партиципативно учество во финансирањето на зелените поени дава дополнителен придонес за неговата успешна реализација.
Заедничката цел е јасна – да поттикнеме селектирање и рециклирање на отпадот, да ја подигнеме еколошката свест кај граѓаните и да ја намалиме количината на отпад на јавните површини.
Да продолжиме заедно да ја градиме Виница како почиста, поуредна и поеколошка општина!
Извор: Градоначалник на општина Виница Митко Костадиновски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет