Во текот на вчерашниот ден активистите од Млади за Македонија организираа блокада со жив штит пред пред багерите и градежната механизација која треба да ја гради малата хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф. Најавија голем сенароден протест за Спас на Кожуф, кој ќе се оддржи на 16 септември во 11:55 ч на излетничкото место Смрдлива Вода, планина Кожуф.
Причинта на протестот е изградба на мала хидроцентрала на Дошница, која хидроцентрала ќе го уништи биодиверзитетот и ќе има драстични промени врз целиот екосистем на Кожуф. Дошница е последната река во Македонија од која водата се пие и која тече во нечепната природа со богат биодиверзитет.
Покрај Млади за Македонија, организатори на протестот се и Чејнчмејкерс, Спас за Гевгелија, Аква Фортис, здруженија и активисти од Тиквешијата, Гевгелиско-валандовскиот регион и од цела Македонија. За протестот ќе биде обезбедено организиран превоз од Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, а активистите од другите градови ќе може да дојдат до Гевгелија, каде ќе бидат пренесени до локацијата. Протестот е исклучиво непартиски и зад него не стои ниту една политичка партија.
https://www.facebook.com/reel/167681409701167

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција