БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Исцелител-мит, легенда, измамник, шоумен или Божји човек? Или се во едно?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Сметаме дека нема човек во Македонија кој следи медиуми, особено жолт печат а да не му е познато името Иван Исцелител.

Некако презаситени Македонските граѓани од дневна политика, егзистенцијални и општествени проблеми, можеби немаат многу време да посветат на некои повообичаени работи вредни за нивното внимание.

Во денешно време со огромниот наплив по бројност на информации кога секој корисник на социјалните мрежи е сам за себе медиум, се чини во друштвото на најинтересни поединци со исклучително висог број на следбеници кои секојдневно живеат со статусите на своите “херои”, има место само за најнеконвенционалните и најиновативните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Помеѓу сите нив името на кумановецот Иван Исцелител некако си го има обезбедено своето место на најсоодветен начин.

Човекот е актуелен  постојано, не ретко може да се види негова објава како платена реклама на фејсбук, при што редовно неговите објави се читани од голем број на следбеници за Македонски рамки и пошироко.

Она што може да изненади за разлика од урбаните и руралните легенди што се шират помеѓу граѓаните за Иван Исцелител е што постојано човеков си е доследен во она што го работи.

Особено што изненадува (барем за оние граѓани кои не се постојано во тек со објавите на Иван на социјалните мрежи) е фактот што тој според неговите кажувања досега има спроведено над 4100 хуманитерни акции. И гледајќи го следното видео и фотографии човек едноставно мора да се запраша:

Дали станува збор за мит, легенда, измамник, шоумен или Божји човек? Или се во едно?

Останува секој за себе да си донесе свој заклучок.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace