БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Груевски со обид да го вовлече Мицкоски во сценариото за одработување за опстој на СДСМ и ДУИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Само силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ заедно со обединет народ може да ја урне оваа ненародна власт на СДСМ и ДУИ.

Секаква “контрабанда” која ќе оди помеѓу партиското членство, активисти на ВМРО-ДПМНЕ како и помеѓу народот и ќе работи за слабеење на ВМРО-ДПМНЕ, одработува директно за Ковачевски, Али Ахмети, Артан Груби, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и неколкумина други функционери да продолжат да ги спроведуваат антимакедонските политики како слуги на душманите на Македонија а истовремено да продолжат дебело да инкасираат пари на своите финансиски конта.

Силината и сплотеноста на ВМРО-ДПМНЕ околу политиките за опстој на Македонскиот национален идентитеt преку директно отфрлање на бугарските уцени и диктат за промена на уставот, го запалија алармот кај душманите на овој народ но и сите оние кои што сметаат дека може да профитираат лично од ваквата ситуација.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во очигледно креирано и оркестрирано сценарио во изминатиот период и изминатите неколку денови поинтензивно се појавија сите политички “песнопојци” за да пеат песни над провалијата во која ја пропаднаа Македонија.

Поранешниот премиер Никола Груевски чиј што политички ангажман остана одбележан со прифаќање на Пржинските договори, уцените на Зоран Заев и промената на уставот со негово бегство во Будимпешта во својот последен коментар упатен преку социјалните мрежи повторно се обидува да влијае на политичките состојби во Македонија. Сега на најдиректен начин прозивајки ги директно Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Во обид да го вовлече во јавна бламажа на преписки со цел за слабеење на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на парламентарните избори.

Кулминацијата на сите досегашни спорадични удари на поединци која што сега Груевски директно ја изнесува во јавност е веќе прочитана книга за познавачите на состојбите во опозициската партија. Јасен е обидот на Груевски да нанесе удар врз ВМРО-ДПМНЕ преку спуштање на нивото на дебата во јавноста за дефокус од криминалот и бандитизмот на власта на СДСМ и ДУИ. Секако на ваквата кулминација рефлектирана преку јавната прозивка на Христијан Мицкоски од страна на Груевски му претходеа интервјуато на Али Ахмети, претходно нападот на Димитар Апасиев и Левица врз ВМРО-ДПМНЕ за носењето на измените на КЗ во собранието и повеќе слични одработки на различни центри на влијание сите одработувајки за СДСМ и ДУИ да останат на власт. Секако во наредниот период очекувам и мегафоните од Инфомакс, заедно со Вилипчо, СтеФчо, Министерот за еден ден, ТодороФ, градоначалничката без ни еден проект, Палчо, па и Љубчо да се вклучат во “дебатата” за тоа како Мицкоски на целиот криминал и антинародни политики на власта е виновен за дното во кое СДСМ и ДУИ ја впуштија државата.

Ваквото сценарио можеби во некои други времиња ќе наидеше на погодна почва во МАкедонија, но денес народот е обединет зад ВМРО-ДПМНЕ најсилно од било кога против целокупното лошо владеење на СДСМ и ДУИ.

Само силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ заедно со Македонскиот народ е одговор за сите ненародни политики на актуелната власт. Се друго е одработка за опстој на власта на СДСМ и ДУИ на штета на МАкедонските граѓани!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace