БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Муцунски го обзнани договорот за спонзорство за МЗТ Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатиот период спортските работници низ државата доживуваат непријатни перипетии во поглед на нивната работа. Но покрај неупавите вести од спортот во јавноста се појавува и понекоја позитивна вест.

Она што е за одбелеување секако на огромна радост на спортската јавност не само во Скопје, е потпишувањето на Договорот за спонзорство на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

За ваквата позитивна вест во јавноста се обрати лично градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски кој што беше дел од овој значаен спортски настан денеска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Кошаркарите од МЗТ Скопје и целиот стручен тим на клубот се нашите спортски херои, тие се идолите на младите аеродромци кои преку играта, борбеноста и посветеноста за клубот, ги споделуваат вредностите со младите спортски таленти.

Денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ заедно со претставниците на МЗТ Скопје Аеродром, Телеком Србија и МТЕЛ одржавме прес-конференција на која официјално се потпиша договор за спонзорство помеѓу телекомуникацискиот оператор МТЕЛ и Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Станува збор за партнерство и соработка кои се потврда за квалитетот и досегашните постигнувања, но и поддршка која ќе донесе уште многу спортски успеси, национални и меѓународни победи.

Инвестирањето и поддршката на МЗТ Скопје не е само поддршка за овој клуб, туку е поддршка за спортот на локално и национално ниво, за градење нови спортски таленти и инвестиција за вредностите кои МЗТ Скопје ги споделува.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace