БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Концепт 800+ наидува на широк прием кај делчевчани: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ отворена за сите граѓани!

Пренеси го гласот

По промоцијата на “Концепт 800+” која што раководството на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ја имаше пред некој ден, се шири делокругот на активности на опозициската партија во интерес на заштита на правата и потребите на делчевчани.

Од Советничката група на опозициската партија во Делчево ги повикаа сите граѓани на Делчево да им доставуваат свои прашања, проблеми, нереализирани ветувања од страна на актуелниот градоначалник, сугестии како и размислувања за тоа на кој начин во иднина треба да се развива Делчево..

“Почитувани наши сограѓани,

На ден 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 09:00 часот ќе се одржи 27та Седница на Совет на Општина Делчево!

Нашата Советничката група за потребите на “Концепт 800+ За Делчево” и резгледување на проблемите на ДЕЛЧЕВЧАНИ подготвува сет од СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ преку Советот на Општина Делчево, СЕ СО ЦЕЛ ПРАШАЊАТА, ПРЕДЛОЗИТЕ И ПРОБЛЕМИТЕ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ДА БИДАТ КАЖАНИ ЈАВНО!

Сите сограѓани кои имаат прашања и предлози можат да ги достават лично до нашите Советници во Советот на Општина Делчево, во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево или на оваа е-маil адреса:
ok-delcevo@vmro-dpmne.org.mk

Вашите прашања и предлози можат да се однесуваат за:

✅ секојдневни случувања и проблеми во Општина Делчево,

❌ нареализираните ветувања на градоначалникот,

✅ некој Ваш предлог и потреба којашто сметате дека треба и може да биде решена, а е во склоп на Локалната самоуправа и институциите под надлежност на Општината,

❌ проблеми и сугестии за целокупното наше делување,

❌ за несовесно работење од страна на службите и слично.

Во едно демократско општество мислењето на граѓаните е најважно, а за проблемите треба гласно да се зборува!

#Концепт800Плус #ВМРОДПМНЕ #ЗаДелчево# ПроектиЗаГраѓаните

соопштуваат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот