УМС на ВМРО – ДПМНЕ достави амандмани во Собранието со кои бара враќање на средствата наменети за младите кои владата ги крати.
На мое големо задоволство, денеска уште еднаш докажавме дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка младина која презема конкретни чекори и на дело ја докажува грижата за младите и младинскиот стандард.
Пред малку, до Собранието ги доставив амандманите со кои се предвидува бришење на срамните предлози со кои владата се обиде да пренамени стотици милиони денари предвидени за проекти во основното, средното и високото образование, со цел задоволување на сопствените бескрајни апетити за корупција.
Со првиот амандман се предвидува средства за изградба, реконструкција и енергетска ефикасна рехабилитација на студентските домови во износ од 10.584.000 денари.
Со вториот амандман се предвидува средства за изградба и реконструкција на основни и средни училишта и изградба на училишни и спортски сали во износ од 145.854.229 денари.
Со третиот амандман се предвидуваат средтсва за изградба на зградите на ФИНКИ И ФФК.
Упатувам искрена благодарност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која ги поддржа и поднесе амандманите, а на владејачкото мнозинство му порачувам барем еднаш да донесе разумна одлука, која оди во корист на младите и иднината на државата.
-фејсбук коментар на претседателот на УМС НА ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сали: Европската интеграција мора да се претвори во конкретни дигитални услуги за граѓаните
Божиновска на Евроазиски економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок
39 годишен жител на Свети Николе продавал хероин на сограѓанин