На социјалните мрежи циркулира објава во која се гледа комуникација меѓи поранешниот генерален директор на Македонски Телеком- Атила Сендреи и Димитар Ковачевски кој што бил задолжен за набавка на софтвер и хардвер за следење на комуникациите. Во нивната комуникација се споменува и Никола Груевки како иден премиер кој што требало да го набавува ваквиот софтвер во по превземањето на власта во 2006 година.
“Преку осудениот криминалец во бегство, Атила Сендреи, екс главен извршен директор во Македонски Телеком, а со поддршка на ГЕРМАНСКАТА и АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА, била извршена набавка на ИЗРАЕЛСКИ СОФТВЕР И ХАРДВЕР за прислушување и форензика на мобилни телефони…
Задолжен и одговорен за спроведување бил актуелниот премиер КОВАЧЕВСКИ. А тој пак, бидејќи октомври 2005 година веќе бил период кога Бучковски и Груевски се договориле за победа на ДПМНЕ на ,,изборите,, 2006 година и ковертиран пораз на СДСМ, за оваа набавка се договарал директно со НИКОЛА ГРУЕВСКИ
ЕВЕ ЈА НИВНАТА КОМУНИКАЦИЈА:
Од: Атила Сендреи
Испратено: понеделник. 10 октомври 2005 година, 17 14 ч.
До: Димитар Ковачевски
Тема: Информации за: израелски софтвер и хардвер
Висока чувствителност
Господине Ковачевски,
Ве молиме препратете ја е-поштата до г-дин Пројкоски да започне со набавка на нов софтвер и хардвер за следење на мобилните комуникации. Ќе ја купиме целосната опрема, вклучувајќи форензика за мобилни телефони. Купувањето како што се договоривме ќе биде од израелската компанија Collebrite DI Ltd и ќе оди преку Ексико.
Набавката треба да се изврши брзо бидејќи ова е договор меѓу германската и американската влада.
Атила
……………………………………………………………….
Од: Димитар Ковачевски
Испратено: понеделник. 10 октомври 2005 година, 17 21 ч.
До: Никола Љушев, Славко Пројкоски
Предмет: Информации за исраелски софтвер и тврд
Славко, во прилог ти го препраќам мејлот од Атила за набавка на ИЗРАЕЛСКАТА опрема. Јас и Љушев сме одговорни за останатиот дел (софтверот и хардверот). Со оваа опрема имаме и комплетна форензика на мобилни телефони. Ова е во договор со Никола Груевски и идната влада. Дали понатаму ќе биде изнајмувана оваа форензика за потребите на МВР или други услуги, ќе се договараме понатаму. Дали ќе треба да смени нешто од опремата кај Саше или ќе може да се среди софтверски. Тоа е работа за мене и Љушев”
-стои во написите на фејсбук.

Извор: Фејсбук
Дали и колку се вистина ваквите објави останува на инволвираните лица да потврдат или негираат.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030