Во соопштение до јавноста вчера попладне од АД ЕСМ ја смируваат состојбата во врска со производството и превземањето на електричната енергија за потребите на граѓаните и стопанството во државата.
“Производството на електрична енергија од АД ЕСМ тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби. Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор.
Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот.Што се однесува до сстемот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање, со што се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала. Во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица.”
-соопштија од АД ЕСМ преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција