БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Помеѓу Војна и Мир

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Деновиве Воената дипломатија и психолошката игра околу Украина го достигнува својот зенит. Шаховската игра помеѓу Русија и САД, како и нивните потези се повлечени, сите фигури се разместени. Се чека на некој нестандартен потег од двете страни. Според САД и Западот Дамокловиот меч кој што виси над Украина деновиве ќе ја реши судбината на Украина, и Европа и Светот ќе стапат во нова ера, налик на Студената Војна.

Официјална Москва тврди дека нема никаква намера да ја нападне Украина, и дека сето тоа е фантазија на Западните држави и нивните медиуми. Официјален Киев изјавува дека не очекува Русија да ја нападне Украина. Дали Русија, заедно со САД и Западот играат по однапред договорено сценарио околу Украина, „Ескалација поради деескалација“ ќе покаже времето и наредните 14 дена. Постои опција дека целата оваа Воена дипломатија и психолошка игра околу Украина е „Ескалација поради деескалација“, односно на тој начин да се изврши притисок Украина да го исполни „Минскиот договор“ од 2015 година. Јулија Тимошенко, како и други политичари во Украина, тврдат дека се работи за такво сценарио, игра на Русија и Западот, и дека Украина не треба да го исполни „Минскиот договор“. За време на посетите на Макрон на Москва и на Киев на 7-ми и на 8-ми февруари, како и преговорите со Путин и Зеленски, посебно од страна на Зеленски беше потврдено дека Украина ќе го исполни и имплементира „Минскиот договор“. Макрон изјави дека Украина нема да влезе во НАТО, и дека за Украина најдобар е моделот на „Финландизација“. Русија посебно инсистира за полна имплементација на договорот од Минск, како и Украина никогаш да не стане дел од НАТО.

Но на 10-февруари, за време на состанокот на Нормандската четворка во Берлин, претставителот на Украина изјави дека Украина нема да го имплементира „Минскиот договор“. За 14-ти февруари во Руската Дума (Парламент) е закажана седница со дневна точка Признавање на Донецк и Луганск. Од исходот на седницата во многу зависи и судбината на Донбас, на Украина, Европа и на светот. Претходно, сите парламентарни партии во Русија поддржаа испраќање на модерно оружје и опрема за Донбас. Истото веќе започна да пристигнува на Донбас.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од друга страна Русите од секогаш важеле за мајстори за „маскировка“. Околу Украина Русија има распоредено 11 армии (околу 150 000 војници), со целосна воена опрема, оружје, техника, логистика. Но воените единици не се оперативно распоредени, плус недостасуваат некои детаљи за воена операција. Од друга страна, временските прилики во Украина и на југот на Русија не дозволуваат започнување на воена операција во моментов. Поради високите температури (нетипични за овој период од годината), степите во тој дел не се замрзнати, туку се целите под вода и кал, што го прави практично невозможно движењето на тешката техника. Факт е дека Русија не може постојано да ги држи тие 11 армии на границата со Украина, посебно одредени видови на техника и оружје. Судејќи според се, настапи моментот на вистината за Украина …

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace