БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Пандов избран за прв претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранешниот пратеник во Македонскиот парламент кој што замина на бојното поле во одбрана на татковината во војната против УЧК во 2001 година, во текот на вчерашниот ден е избран за прв Претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Пандов е долгогодишен член на партијата но уште повеќе долгогодишен борец за Македонската национална самобитност и про-конзервативна енергија како артикулација на духот и идеите на основните доктринарни определби од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е припадник на т.н. втора генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ кои што цврсто стојат на браникот на македонската национална кауза.

Александар Пандов беше еден од гласноговорниците во рамки на Граѓанското движење за одбрана на Македонија и деклариран борец против доаѓањето на Зоран Заев на власт во државата како резултат на монтираниот политички процес кој започна со Пржинските преговори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Александар Пандов е политички аналитичар кој секогаш ги застапувал тезите и барањата на мнозинството Македонски граѓани, со широк народен дух и политичко вјерују.

Како прв претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов доаѓа по стапувањето на сила на новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ од неодамна во кој што е дефиниран Патриотскиот институт како новина во политичкиот живот во партијата но и пошироко во државата аналогно на модерните европски и светски трендови на политичко дејствување.

Креирано од:


Пренеси го гласот