Македонскиот актер, поет и продуцент Александар Русјаков со своја авторска белешка го одбележа потпишувањето на сртамниот и капитулантски договор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас кој се реализираше денеска во пограничниот регион на Преспа:
Започнува времето на ново македонско мачеништво и страдание.
Започнува времето на окупирана, тоталитарна држава налик на јужнамериканските диктатури скроени во најстрашните и најтемните цијашки подруми.
Не ви е јасно зошто?
Затоа што и оваа окторирана власт, нејзините поддржувачи, нејзината полиција, нацистичкиот договор, сето ова е создадено во цијашките темни подруми.
Затоа и ќе започне психички и физички терор врз Македонците кои се против нацистичкиот договор, ќе започне прогон и затварање на сите оние кои се против овој неонацизам, овој изопачен тоталитарен свет како во времето на најнечовечните диктатури.
Оние околу вас кои го поддржуваат ова психопатско, изопачено и демонско лудило, не се заведени, не се збунети, не се изманипулирани, туку се тоталитарни умови, слуги на изпачената кауза за обезличување на Македонија и Македонците, обездушени егоманијаци и материјалисти и ќе се уверите наскоро дека се токму такви, ако веќе не сте се увериле, оти ќе бидете сведоци на нивната злорадост кога ќе започне насилството врз сите оние кои се против ова безумие.
Отуука, јавно им се обраќам на сите мои досегашни „пријатели“ кои сè уште ми се јавуваат по телефон или ми доаѓаат на гости, а го поддржуваат или се рамнодушни кон ова безумие, немој ни да помислат да ми се обратат со збор, да не им текне да ме запрат на улица или не дај Боже да ми се поканат на гости. Од денес јас не постојам за ниту еден кој со збор или дело го поддржал нацистичкиот договор или толкувал детали од него.
Не постојам јас за вас, не постоите вие за мене.