БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Алиу: Комплетно реновиран одделот за трауматологија на Клиника за ТОАРИЛУЦ, континуирано се унапредуваат условите за третман на најтешките пациенти

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот, Јовица Андовски, заедно со претседателот на Владата, проф.д-р Христијан Мицкоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ја посетија Клиниката за ТОАРИЛУЦ, по повод извршеното комплетно реновирање на одделот за трауматологија.

-Продолжуваме со инвестициите во здравствената инфраструктура кои се клучни за унапредување на условите за третман на пациентите. Инвестицијата на одделот за трауматологија е посебно значајна имајќи предвид дека на овој оддел се лекуваат пациенти во исклучително тешка здравствена состојба. Веќе е во напредна фаза и реновирањето на одделот КАРИЛ, така што навистина изминатиот период се реализирани бројни инвестиции за целокупно унапредување на условите во оваа врвна терциерна установа, изјави министерот Алиу.

Во рамки на оваа инвестиција, извршена е замена на сите прозорци, врати, подови и поставени се нови кревети за пациентите, со што одделот е комлетно обновен после повеќе од 20 години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изминатиот период на оваа Клиника е реализирано и значително кадровско зајакнување, со вработување вкупно 36 лица, меѓу кои доктори, медицински сестри и друг медицински и немедицински кадар, а во сегментот на нова опрема, ставени се во функција три рендген апарати, набавени се два нови аспиратора, а во тек е набавката на нов декса-скен и апарат за прочистување на крвта.

—-

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace