Министерот за здравство, Азир Алиу денес ја посети мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде почна бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.
-Со ова го означуваме почетокот на заедничка национална кампања, што ја реализираме заедно со клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, и со Хепар Центар-Битола. Работиме интензивно и на дигитализација на програмите за скрининг на малигни заболувања, бидејќи е важна временската рамка и постскринингот, односно следење на пациентот и навременото добивање резултат, ќе вложиме напори за да може технички и инфраструктурно да се подобри Мој Термин во однос на времето за резултат. Наскоро ќе ја соопштиме и новата методологија, која е при крај и новиот начин на креирање термини за преглед на пациенти, изјави министерот Алиу.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово