БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Љубиќ: До Мажите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До мажите

Овој ден сите пишуваат за жените, а јас  ќе напишам нешто и за мажите. Не дека ќе ги фалам, ниту критикувам но можеби ќе ги разбудам бидејќи често знаат празниците и родендените да ги преспијат и да се однесуваат како да е ништо, а сепак денот е нешто и за жените и еден збор значи многу . Драги мои мажишта една роза чини 100 денари, но еден збор нема цена а сепак е најскапоцен… ако вие не одвоивте од вас за да измамите насмевка на вашата сопруга, мајка,баба, девојка, љубовница и не знам што, уште не е доцна, жените заслужуваат да се будат со бакнеж, да заспиваат во прегратка и денот да им помине со насмевка, утрото да им биде сонце, ноќта да им биде месечина, денот омиленото чоколадо. Драги мажишта не заборавајте дека најголемиот маж е роден од една жена, да не се жените, ниту ќе постоеа мажите. Верувам дека некогаш ви е тешко од нашето дрдорење но такви сме, знам дека некогаш не ви е до нашето лудило, но и нам не ни е до вашите измислици и лаги.

Мажишта научете да подарите внимание, да подарите комплимент, да речете денес блескаш, многу си убава, прекрасна ти е косата, денеска очите ти се’ посебни, и без шминка си убава, не заборавајте да кажете мирисаш спокојно но и не заборавајте да кажете еве ти ја картичката троши колку сакаш!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Не заборавајте да кажете те сакам  на својата мајка која те родила, те израснала и ти го покажала правиот пат,потоа на жената која ја продолжува работата која мајката не ја завршила како треба, ти готви, те чува, бдее кога си болен, не заборавај на баба ти која ти ги има раскажано најубавите приказни , некои мажишта не заборавајте и на љубовниците ехх на нив им е најтешко, ве слушаат, и ве прибираат кога бегате од дрдорењето на вашата сопруга која по цел ден се труди вам да ви биде добро.

Драги мажишта…бидете среќни што во вашиот живот имате жена, да не бевме ние жените  сонце не ќе видевте, светлина ќе сонувавте,ќе одевте така чудни и избезумени, бидејќи самите ниту знаете каде ви е чорапчето, ниту каде е чевелот… и за се ќе се прашувавте и одговорт ќе го одбегнувавте.

Жената го знае најдоброто! Не заборавајте на жените кои ги имате во животот, една те родила, една те чува.. и не чекајте посебен ден или датум, туку секој ден покажете на жената дека ви значи, дека ја сакате, дека таа е вашето совршенство!

А вие мои жени не се сопнувајте на една роза еднаш во годината!

И да како за крај на овој текст… дарувајте цвеќе колку можете повеќе, утре може да биде доцна, некој можеби нема да го помириса !

Пишува: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace