Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот фејсбук профил коментира дел од дефектните актуелности на кои сме сведоци во изминатото деноноќие:
Катица Јанева не се осеќала виновна!? Веројатно целава работа која “демек” траела 4,5 часа, всушност траела 5-10 мин, чисто да се запазат формалностите, а останатите 4 саата уствари Јанева и Русковска кафе си пиеле.
Во исто време додека овие пијат кафе, излегува главна вест дека УЈП вршела контрола во Чаир. Wooow!!! Незамисливо! Или ова е главна вест затоа што е прв пат во овие 3 години откако криминално-рекетарскава Влада на Заев и СДСМ хараат низ Република Македонија?!?
И за крај, Владата донела мерки за запирање на т.н. “африканска чума” кај дивите свињи. Главната мерка е да се убијат 4000 диви свињи за 10 дена или 400 на ден!!! Ловџиите со контра-предлог: да се повика Чак Норис бидејќи само тој може да убие 4000 диви свињи за 10 дена!
-Пишува: Игор Јанушев
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство