БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јануушев: Ни збор за тоа кога и дали Катица Јанева ќе биде викната на сослушување во ЈО

Пренеси го гласот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска во јавноста излезе со свој став и детали во врска со случајот “Рекет”.

Фејсбук статусот на Игор Јанушев во продолжение го пренесуваме во целост:

Русковска се врати од одмор, истрагата за аферата “Рекет” ќе продолжела, а ни збор за тоа кога и дали Катица Јанева ќе биде викната на сослушување во ЈО!

Во меѓувреме се уништуваа докази, се влијаеше на сведоци, Заев “парче” ги направи сите, Владата си формираше Комисија за расчистување на аферата, каде патем нема ни еден претставник од обвинителско-судските органи, а и зошто да има кога се е тоа едно исто – Заев командува, тој е главата на овој криминално-рекетарски октопод.

Република Македонија мора еднаш да расчисти со криминалот без разлика од каде доаѓа!
Доаѓа денот кога ќе одговарате, прво политички, а потоа и пред словото на законот!

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Креирано од:


Пренеси го гласот