Македонската жива рок легенда Ристо Вртев со неговиот Архангел излегоа пред Македонската публика со нова песна и нов видео спот насловени едноставно Пинокио.
Препознатливиот рок енд рол звук на Архангел сега збогатен со ритам дувачка секција вози едно релативно свежо музичко остварување напишано по добро препознатливиот аранжмански концепт на “стариот” Архангел. Текстот на песната е исто така во добро препознатливиот манир на поетот Вртев само спакуван во еден егзистенцијалистички поетски израз низ призмата на еден млад Македонец загубен во подвоеноста на актуелното Македонско општество на постојани искушенија и животни бесмислици.
Од една страна актуелен но уште повеќе универзален во она што може да се нарече експериментален пакет на постојана надеж изделкана од непредвидливост но и оптимизам.
Некако сонцето на Вртев повторно грее и покрај се!
Светот не e наш но ние сме негови, слепо го следам, и длабоко го сфаќам, глава горе!
Ова музичко остварување е навидум рок енд рол песна, но длабоко во себе содржи политички став на еден “сребрен јавач на диви бранови”.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости