Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Архиепископ Петар алармира: Имаме парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со епископот Партениј

Пренеси го гласот

Во интервју на ТВ Сонце Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар зборуваше за црковните пршања поврзни со делувањето на епископот Партениј кое што архиепископот Петар смета дека е штетно за црквата.

“Денеска имаме парацрковна структура во Бигорскиот манастир на чело со епископот Партениј кој превзема ингеренции, дури и мои како претседател на одделот за соработка со православните цркви. И секако дека тоа прашање мора час поскоро да го ставиме на дневен ред на Синодот во цел состав и да го решиме. Зошто јас имав слобода да му кажам пред нашиот архиепископ Тимотеј, пред архиепископот Климент, ред цилибрскиот митрополит Максим, кој има студирно и докторирано во Белград, и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, свештени лица, преведувачи итн. да му пренесат на неговата сесветост, ние нема да дозволиме да имаме парацрковна организација во лицето на епископот Партениј заедно со структурата негова во Бигорски и со монахињите таму кои мешетарат во мојата епархија, јавно кажувам и им порачувам да се тргнат од мојата епархија и повеќе да не ми прават таму проблеми, зошто сериозна е ситуацијата а за другите епархии нек си водат сметка надлежните архиереи. И ова е веќе сериозен проблем на нашата црква.

Ние го решаваме проблемот со ПОА а сега имаме поголем проблем со парацрковната структура на Бигорскиот манастир, кои и по националноста знаеме каде тргаат и по нивната духовна ориетација.”

-соопшти во интервјуто на ТВ СОНЦЕ Архиепископот г. Петар.

Креирано од:


Пренеси го гласот