БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Подобрување на состојбата и застапеноста со хоризонтална и вертикална сигнализација за зголемена безбедност во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општинските власти во Виница деновиве спроведуваат активности за подобрување на состојбата и ззастапеноста со хоризонталната и вертикалната сигнализација на улиците и тротоарите во градот. Ваквата акција е дел од политичките определби на градоначалникот на општина Виница Миле Петков за зголемување на безбедноста во сообраќајот за сите категории на учесници со особен осврт на безбедноста на пешаците.

“Со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, во тек е обновување на постоечката и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Ги спроведуваме одлуките донесени на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и потврдени од Советот на Општина Виница за поставување на вештачките издадености (лежечки полицајци), сферни огледала, информативни табли, патокази и сообраќајни знаци на повеќе улици во градот и населените места.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реализацијата на проектите од областа на патната инфраструктура во насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците ќе останат приоритет во работењето на Општина Виница.”

-информираше во јавност градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace