Во врска со наша претходно објавена информација тука, за загриженоста на граѓани во врска со печатењето на банкноти од 2000 денари, од НБРСМ во телефонски разговор не’ информираа со дообјаснување дека единствен и последен пат печатење на банкноти од 2000 денари од Народната банка имало во 2016 година.
Банкнотите печатени во 2016 година Народната банка ги ставила во оптек тогаш, по што врз основа на потребите на пазарот овие банкноти се ставаат во промет тековно од комерцијалните банки согласно строго дефинирана легислатива.
Со тоа неосновани се информациите дека НБРСМ печателе нови банкноти од 2000 денари во време на Вонредна состојба во државата.
Уште еднаш информираме дека за сите прашања од делокругот на работа на Народната банка секој граѓанин може да се обрати на нивните официјални контакт генералии достапни на нивниот веб сајт.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!