До нашата редакција од страна на загрижени граѓани пристигнаа реакции на загриженост како и фотографии од штотуку подигнати банкноти во апоени од 2000 денари кои според граѓаните се сосема нови според својата физичка состојба.
Дополнително граѓаните забележале дека сериските броеви на подигнатите банкноти од банкоматот се нумерирани еден по еден на повеќе подигнати банкноти.

Загриженоста на граѓаните се состои од нивно сомневање дека овие банкноти се штотуку печатени од страна на надлежните власти и дека власта врши печатење на нови банкноти во време на Вонредна состојба како и дека е можна девалвација на денарот во наредниот период.
За таа цел како медиум упативме прашање по електронски пат до Народна Банка за состојбата со вредноста на денерот и дали Гувернерот очекува девалвација на неговата валута.
На прашањето:
Дали Гувернерот очекува девалвација на денарот во наредниот период до крај на 2020 година?
Од Кабинетот на Гувернерот ни одговорија дека гарантираат дека денарот е стабилен и ќе остане стабилен.
“Потсетуваме дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на денарот, и според најновиот расположив податок изнесуваат над 3 милијарди евра – ниво коешто е двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година. Изминатите две години, резервите бележеа значаен пораст, којшто кумулативно изнесуваше речиси милијарда евра, а 80% од ова зголемување беше одраз на нашите интервенции на девизниот пазар, што покажува здрави фундаменти и способност на економијата да создава дополнителни девизни приливи. Воедно, на крајот на минатата година, нивото на резервите беше и над нашите очекувања. Ова го потенцираме бидејќи јасно упатува дека девизните резерви се на комфорно ниво. Гледано според показателите на адекватност, во моментов резервите покриваат околу четиримесечна покриеност на увозот на стоки и услуги, речиси се на нивото од краткорочниот долг со резидуално достасување, а како учество во БДП од минатата година изнесуваат 27%.
Според сите наши оцени, ова е ниво на девизни резерви коешто остава простор и за соодветна реакција со интервенции на девизниот пазар, но исто така е и гаранција за сите наши економски субјекти дека постои силен механизам за одржување на девизниот курс на стабилно ниво. Дополнително, како што веќе имаме истакнато во повеќе наврати, мие, како централна банка располагаме со низа инструменти со коишто гарантираме дека девизниот курс на домашната валута во однос на еврото ќе остане стабилен.
И пред неколку дена посочивме: Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен! Ова го потврдуваме и денес, а сигурни сме дека во секој момент ќе го потврдуваме и во времето што е пред нас”,
-информираат од Кабинетот на Гувернерот на НБРСМ во однос на ова прашање.
Дополнително во врска со информациите дека Народната банка ќе печати нови банкноти од 10 и 500 денари во време на Вонредна состојба, го упативме следното прашање:
“Дали поради Вонредната состојба во државата и економските потреси кои ќе следуваат најверојатно кај граѓаните и стопанството, печатењето на новите банкноти може/можело да биде одложено а сретствата потребни за оваа постапка да се наменат за други приоритетни потреби?”
од кабинетот на Гувернерот ни одговорија:
“Веднаш по започнување на актуелната корона-криза, ние ги стопиравме сите претходно планирани активности и постапки коишто подразбираат финансиски трошоци, а коишто не се од значење за успешно спроведување на клучните функции на Народната банка и во овој период, а коишто не биле отпочнати во периодот пред кризата и согласно со законската регулатива мора да бидат завршени. “
Притоа од Кабинетот на Гувернерот информираат дека за сите прашања и дилеми кои постојат кај граѓаните од областа на делокругот на надлежности на Народната банка им стојат на располагање на нивните контакт врски преку телефон како и по електронски пат.
Последна ажурирана информација на темава во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа