БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров

Пренеси го гласот

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: На 28 јуни 1921 година бил убиен македонскиот револуционер и еден од идеолозите на ТМОРО, Ѓорче Петров.

Атентатот бил извршен од страна на извесниот Реџеп, Турчин по националност, инаку припадник на десно ориентираната ВМРО. Според непотврдени кажувања, без конкретни докази, Тодор Александров, водачот на ВМРО, лично го повикал кај себе терористот Реџеп и му наложил да го убие Ѓорче Петров, на што атентаторот се согласил. Александров во времето на убиството не сакал да се наоѓа во Софија и за таа цел еден ден пред атентатот, тој отпатувал од градот. На денот на убиството Горче Петров по излегувањето од работа свратил во кафеаната на Иван Бандев, која се наоѓала на улицата “Егзарх Јосиф”во Софија. Таму тој пиел ракија со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО, којшто веројатно не знаел за наредбата на Тодор Александров. Реџеп влегол во кафеаната и останал да пие пиво. Откако Ѓорче Петров ја напуштил кафеаната околу 7 и 30 часот, тргнал дома, при што терористот го следел и пред портата на неговата куќа, на улицата Тробарска”, го убил. По извршеното убиство полицијата не можела да го пронајде Реџеп, бидејќи атентаторот се криел во станот на водачот на ВМРО, Тодор Александров. Откако утредента излегле натписите во софиските весници за убиството на Ѓорче Петров, терористот почнал да покажува поголема нервоза и почнал да покажува желба да излезе од станот, по што Тодор Александров испратил еден четник да го доведе кај него. Неколку дена после тоа од страна на терористи на ВМРО бил однесен надвор од градот и бил сурово егзекутиран. Од учеството на атентатот се оградил и вториот член на ЦК на ВМРО, Александар Протоѓеров. При претресот направен на 29 јуни, еден ден по убиството на Ѓорче Петров, во архивата на уапсениот војвода на ВМРО, Симеон Георгиев, биле пронајдени писма на Тодор Александров,во кои во едно од нив му наредил на последниот да го испрати во Софија некој си Мите и тоа во слаткарницата “Охрид”. Всушност тоа било конспиративното име на Реџеп, атентаторот на Ѓорче Петров. Атентатот врз Ѓорче Петров предизвикал големи реакции среде бугарското општествено мислење, како и кај македонската емиграција. По повод неговото убиство реагирале голем број на македонски емигрантски организации, меѓу кој бил и Националниот комитет на македонските братства, кој за убиството коментирал и на страниците на својот печатен орган “Македонија”, каде со пиетет се пишувало за овој македонски револуционер и за неговата ненадоместлива загуба. Националниот комитет ги надоместил и трошоците за погребот на Ѓорче Петров, додека братствата, од своја страна, издале голем број на некролози со кои ја повикувале македонската емиграција масовно да присуствува на погребот. Во траурната погребна поворка присуствувала речиси целата македонска емиграција од Софија, а последна почит на македонскиот револуционер и деец дошле да му изразат и многубројни емигрантски делегации и од внатрешноста на Бугарија. На погребот биле присутни и голем број пријатели на Ѓорче Петров од редовите на бугарскиот општествено-политички и јавен живот. Пред неговиот гроб биле одржани голем број на емотивни говори во кои се величело делото на овој македонски револуционер и се осудувал чинот на неговото убиство. Карактеристичен момент претставувал говорот што пред неговиот гроб го одржал неговиот идеен противник Јордан Чкатров, кој исто така ја потенцирал големината на делото на покојниот Ѓорче Петров и ги проколнувал неговите физички убијци, а за да биде парадоксот уште поголем, зад него, во тие моменти на неговиот емотивен говор, стоел никој друг, туку лично самиот Иван Михајлов, кој во тоа време заедно со Чкатров биле пунктови началници на ВМРО.

Врз основа на непотврдени извори во минатото во јавноста бил афирмиран ставот дека зад атентатот на Ѓорче Петров веројатно стоела ВМРО на Тодор Александров, иако последниот тоа го одрекувал, а мотивите според ваквите извори биле личната нетрпеливост меѓу двајцата, како и разликите што помеѓу нив постоеле во однос на начините и методите на борба и патиштата за решавање на македонското прашање.

Ѓорче Петров (Георги Петров Николов), роден на 2 април, 1865, с. Варош, Прилепско.

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897).

Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Член на Централен комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија (Софија, 1896).Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901). Учествувал во редактирањето на револуционерниот хектографиран весник На оружје. Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија.Го редактирал списанието Културно единство (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Убиен по наредба на Тодор АлександровТој е роден во ситно трговско семејство. Се школувал во Прилеп, Битола и Солун. Во солунската гимназија останал до 1885 година кога поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен со група од 12 македонски ученици меѓу кои и еден друг иден револуционер, Пере Тошев.Престојувал во Источна Румелија каде собирал финансиски средства за набавка на оружје за идните востанички акции во Македонија. Во 1885 година завршува 6-ти клас во обласната гимназија во Пловдив. Поради слабото здравје се вратил во татковината како егзархиски учител во Штип, 1885 година.

Во 1888 година заминал во Солун како коректор во основаната печатница на Коне Самарџиев. Во 1889 година станал учител во скопската бугарска гимназија сè до 1890 каде се запознал со владиката Теодосиј, заговорник за обновување на охридската архиепископија. Потоа заминал во Бугарија, време кое се покажува решавачко за создавање на ВМРО. Тој учествувал во испраќањето на ќирџијата Доне со пратки бомби од Штип до Битола.Во март 1895 година во Солун бил кооптиран за член на ЦК на ВМРО каде на Солунскиот конгрес 1896 година заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата. Подоцна со налог на организацијата занимал како задграничен претставник во Софија каде имал средби со Ризов и Лапчев кои го уверувале дека населението во Македонија не била подготвено само да се бори, да крева востание и дека им била потребна помош од врховниот комитет и од бугарските власти. Единствено тој и Гоце Делчев се спротиставиле за кревање на Илинденското востание поради неговата неподготвеност и избрзаност.Своите погледи ги образложувал во својот весник „Бунтовник“ каде во средиштето на неговата идеологија лежеле паролата „Македонија на Македонците“. Иако не го поддржувал, тој сепак учествувал во Илинденското востание и тоа со четa во борбите кај прилепско-мариовскиот крај. На Рилскиот конгрес бил избран повторно како задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во 1896 година кога во Македонија пристигнале претставници од македонскиот врховен комитет на чело со Луков и Сарафов тој рекол: „Ги пречекавме како Господ, за да потоа заклучиме дека не заслужуваат никакви почести. Станува збор за сосема друга спротивна политика кои ја воделе отцепените претставници, наречени врховисти.“Заради своите чисто македонски позиции станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на врховистите. Конечно, како цел на братоубиствената политика во Бугарија на 28 јуни 1921 година бил извршен атентат од платениците на Тодор Александров среде градот Софија.

За природните убавини со кои е надарена Македонија:

… Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња преставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина.—Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896

За српските и бугарските тврдења во однос на народноста на Македонците:

… Денешните историски докажувања и расправии водат кон тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат „браќата“ за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на „Новини“ врз основа на некои факти од „Бугарската историја“ и врз мислењата на разни историчари и патеписци, дури врз историските спомени на населението за српските владетели на кои спомени многу се силат „браќата“ или големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното заемно учество во разни движења, нивната нова заедничка историја, најпосле „славата“ на Милоевиќ и „курбанот“ на г.Шопов, сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун.—Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896

Извори:

1.Нови откритија за Ѓорче Петров Нова Македонија. Д.Ј.; 04-04-2011“Денес, како точен датум на раѓањето и смртта на Ѓорче Петров се земаат 2 април 1865 година и 28 јуни 1921 година“, заклучува д-р Трајановски.”

2. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 146. ISBN 978-608-245-113-8.3.Петров, Гьорче (1896) (на бугарски). Материали по изучванието на Македония. София: Печатница Вълков. стр. 711-712.

Креирано од:


Пренеси го гласот