Во изминатите 10-тина месеци по конституирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Премиерот Христијан Мицкоски, Управата за финансиска полиција на вистински начин ја оправда својата значајна улога во нашата држава. Под водство на директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски оваа институција која работи во рамки на Министерството за финансии по огромните очекувања на граѓаните за сузбивање на епскиот криминал кој што на јавна сцена имаше можност да го види целокупната македонска јавност , многу решително и со огромна жестина се впушти во борба против организираниот криминал на испумпување на огромни финансиски средства од државата во изминатите 7 години.
Резултатите се повеќе од видливи, но оваа борба е во полн ек и ќе продолжи и во иднина да се интензивира.
“Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме чекор напред во градењето на темелите на промените.
Наша обврска е да воспоставиме систем кој ќе ги штити чесните, а ќе ги изведува пред лице на правдата оние што ја краделе државата. Денес, токму тука, испраќаме јасна порака, тоа време дојде.”
-рече пред неколку денови Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на настанот за одбележувањето на Денот на Финансиската полиција,
Директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски во рамки на овој настан ја афирмираше потребата и генезата за постоењето на оваа значајна институција со доминантен осврт за неговите напори кои се дел од владините програмски цели за неприкосновената борба против финансискиот криминал кој што како одомаќинет црв го разјадува Македонското јаболко на прогресот.
“Од денот на нашето основање до денес, патот не беше лесен, но беше полн со докази дека институциите, кога работат чесно, стручно и во интерес на граѓаните, можат да бидат двигатели на позитивни промени. Како институција, израснавме од идеја во релевантен чинител во борбата против финансискиот криминал, перењето пари, злоупотребите со јавни средства и нелегалните економски активности. Но, нашата мисија не завршува тука. Напротив, сега повеќе од кога било сме свесни дека современите облици на криминал бараат постојано учење, иновации и интеринституционална соработка. Работиме и ќе продолжиме да работиме транспарентно, посветено и со јасна визија за општество во кое секој денар од јавните финансии се троши законски и одговорно“,
-истакна Ивановски во своето обраќање кон јавноста во рамки на настанот кој што беше и своевиден отчет за сработеното на Управата во изминатите 10-тина месеци..
Присуството на премиерот Мицкоски претставуваше и своевидна потврда за важноста на институциите што работат на заштита на јавните финансии, почитување на законите и унапредување на владеењето на правото. Тоа во своето обраќање го потенцираше и директорот на Управата.
„Изразувам искрена благодарност до Владата предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски, чија волја за бескомпромисна борба со криминалот претставува силен поттик за мене и за институцијата. Не можам да ја изоставам и поддршката од Министерството за финансии, на чело со министерката Гордана, кои ни обезбедуваат значајна логистичка поддршка како орган во состав на Министерството. Главниот приоритет на Владата е битката со корупцијата и нула проценти толеранција за криминалот. Во целост ја следиме оваа борба и активно се вклучуваме во истата, поради што сакам да порачам дека овие резултати што ги постигнавме, откога сум јас на чело на институцијата, се само почеток, со кој сакаме да испратиме силна порака до секој што се огрешил пред законот. Правдата е слепа и неселективна, а наша задача е да ја спроведуваме“,
-рече директорот Ивановски.
Управата за финансиска полиција е можеби нај истурениот субјект за борбата против големиот финансиски криминал во државата, кој што во содејство со останатите надлежни државни органи има пред себе сериозна задача доверена од страна на Македонските граѓани. Процесот на метаморфоза на Македонското општество е започнат а значаен дел во самиот тој процес го има токму Управата за финансиска полиција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија