Денеска на Бадник, денот пред големиот христијански празник Божиќ, свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ – Кочани ја организираше Бадниковата поворка.
Над 120 дечиња кои учествуваа во Бадниковата поворка, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа низ кочанските улици.
Поворката беше примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој им подари коледарски пакетчиња заедно со Библијата за млади читатели, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.
ДРУГИ ОБЈАВИ
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта
Во Виница се работат планираните инфраструктурни проекти со напредна динамика и покрај тековните врнежи на снег