Еден од најголемите христијански празници – Бадник, денот пред Божиќ, свештенството на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Македонска Каменица со масовна посетеност го одбележа со Бадникова поворка.
Над 150 дечиња, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“, како дел од Божиќната поворка продефилираа низ улиците во Македонска Каменица.
На настанот присуствуваше и Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој во соработка со свештенството при Светиот храм на учесниците и сите присутни дечиња им подари 350 коледарски пакетчиња. Исто така, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот Атанасовски заедно со свештенството на сите учесници и присутните им подели Библијата за млади читатели.
Бадниковата поворка, оваа година, се реализира по двегодишен прекин поради воведените мерки за заштита од корона вирусот.
Извор: Димчо Атанасовски – Градоначалник на Општина Македонска Каменица


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани. Инвестираме 5, 5 милиони евра само во инфрастрктурата, подобрувањето на животот во Кочани е приоритет за Владата
Пожар на објект во Пречистителната станица во Кочани
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика